
Анета Љумаковска е родена на 25.07.1983 во Битола и е позната македонска пејачка и една од најпрепознатливите изведувачки на народна и новокомпонирана музика во Македонија и регионот. Заврши средно техничко училиште во родниот град. Уште од млада возраст покажува силен интерес и талент за музика. Со својот специфичен глас, емоционална интерпретација и автентичен стил, Анета брзо го освојува вниманието на публиката и добива безброј награди на фестивали како во Македонија така и во соседните земји. Како поранешен член на “Молика“, има настапувано на бројни концерти, фестивали, и културни манифестации, како во земјата така и во дијаспората. Во текот на кариерата има изведено голем број хитови кои се добро прифатени од публиката и често се дел од македонската фолк-сцена. Анета сега е дел од Анета Бенд заедно со дел од членовите на “Молика” и е ценета поради својата професионалност, скромност и посветеност кон музиката, а нејзините настапи се препознатливи по силната емоција и контактот со публиката.

Стив Штуревски, македонски вокал, композитор, аранжер и актер. Роден на 22-1-1975год. во Охрид, Република Македонија. Завршена средно техничко образование. Музичко менторско образование. Потекнува од голема музичка фамилија, па поради тоа од најмала возраст целосно се посветува на музиката како Хармоникаш, Синтисајзер и главно Вокал. Членувал во многу македонски музички групи, кои што се "Група Фонтана" , "Група Молика". По долга кариера привремено се повлекува од професијата во 2016. Сега повторно да биде активен член на една од најдобрите македонски фолк групи "Анета Бенд". Има настапувано на секаде во светот како Америка, Австралија, Канада и поголемиот дел од Европа. Познат е по музичките хитови "Ајше" , "Лично Наде" , "Села Пелистерски" и многу други. Голема популарност и успех постигнува во 2012год. со снимањето на музичката комедија "Патот до кенгурите" , исто така се појавува и во 2020год во филмот "Непријател". Стив е исто така декориран со различни награди, како "Оскар на Популарност" 2010,2011,2012". Моментално неговата улога е Бек Вокал или Пратечки вокал и придружни инструменти.

Рубин Размоски е роден на 19.09.1982 година во Прилеп каде уште од млада возраст ја покажува својата љубов и талент кон музиката. Тој е истакнат македонски музичар кој е препознатлив по своите дувачки инструменти со кои започнал да ја негува традицијата како млад член на КУД Мирче Ацев од Прилеп, а неговиот стил има значајно влијание врз препознатливиот звук на македонската музика. Со долгогодишна посветеност, Размоски се изградува како врвен инструменталист, познат по својата техничка умешност, чувство за ритам и автентична интерпретација на македонската народна и новокомпонирана музика. Како поранешен член на “Молика“, Рубин Размоски има настапувано на бројни концерти, фестивали, културни манифестации и приватни настани, како во Македонија така и надвор од неа. Како член на Анета Бенд неговата улога во групата е клучна, како на сцената така и позади неа. Рубин Размоски е ценет меѓу колегите и публиката како професионалец, иновативен музичар и чувар на македонската музичка традиција, кој успешно ја спојува традицијата со современиот звук.

Александар Талевски Карма Александар Талевски Карма е македонски музичар од Битола, роден на 13 мај 1981 година. Уште од најрана возраст покажува голема љубов кон музиката, а својот музички пат го започнува на само 14 години, кога започнува да настапува во локални ресторани и настани. По завршувањето на средното техничко училиште во Битола, целосно се посветува на музиката. Неговата специјалност се ударните инструменти – тапани, тарабука и селски тапан, преку кои создава препознатлив и автентичен ритам. Неговата професионална кариера започнува со членување во групата „Македонски Глас“, а подоцна продолжува во групата „Динамика“. Најзначајниот дел од својата кариера го поминува во легендарната група „Молика“, каде што е активен член од 2007 година, речиси 17 години. Со оваа група настапува во многу земји ширум светот, пренесувајќи ја македонската песна и музика со својот маестрален ритам. Во текот на својата кариера, Александар настапувал во Австралија, САД, Канада и низ Европа, а со своите колеги освоиле бројни награди и признанија. Како дел од нивните достигнувања, тие го снимија и музичкиот филм „Патот до Кенгурите“, кој претставува значаен проект во нивната уметничка работа. Денес е активен член во „Анета Бенд“, каде што продолжува да твори и да ја збогатува македонската музичка сцена со својот талент и искуство.

Зисо Пуровски е роден 1975 година во Битола . Средно образование завршил 1994 г во средното музичко училиште во Битола. Факултет за музичка уметност завршил во 1998 година во Скопје , а магистерски студии завршил во 2003 г . Како виолончелист , член ( и еден од основачите ) настапувал со ансамблот за современа музика “Алеа”. Посетувал повеќе семинари и мастер курсеви кај Анатолиј Крстев , Кирил Родин и др. Посетувал повеке мастер курсеви за современа музика ! Основач на гудачкиот квартет “АРКО” и со истиот остварил многубројни настапи како во земјата така и во странство , Европа , Украина Србија Грција Македонија оставајки зад себе многубројни успешни концерти , фестивали и солистички настапи. Моментално работи како редовен професор по виолончело во средното музичко училиште во Битола.

Роден на 19.05.1987, во Кавадарци, Р. Македонија Горан Ѓорев е професионален музичар од Кавадарци со повеќе од две децении активно музичко искуство. Неговата љубов кон музиката и професионалниот развој ги гради уште од најмлада возраст, стекнувајќи богато образование, сценско искуство и професионални знаења во областа на музиката.Средното музичко образование го стекнува во Средното музичко училиште во Битола, по што своето високо образование го продолжува во Штип, во областа на музичката теорија.Во текот на својата професионална кариера има реализирано голем број музички настапи во земјата и надвор од границите на Република Северна Македонија. Низ годините стекнува значајно сценско искуство, соработка со различни музичари и богато познавање на музичката продукција и изведба. Како член на Aneta Band, Горан Ѓорев е задолжен за клавијатури, бас и музичка придружба, со што активно придонесува кон музичкиот израз, аранжманите и препознатливиот звук на бендот.Покрај својата активност на музичката сцена, Горан поседува и сопствено музичко студио, каде што се занимава со снимање, аранжирање и музичка продукција. Активно учествува и во создавањето, снимањето и продукцијата на музиката на Aneta Band. Професионалното искуство го надградува и како музички педагог, преку кој своето знаење и љубов кон музиката ги пренесува на младите генерации. Денес, покрај својата долгогодишна музичка кариера, Горан Ѓорев ја извршува и функцијата директор на детска градинка во Кавадарци, каде што своето професионално искуство, организациските способности и посветеноста ги насочува кон унапредување на воспитно-образовниот процес и работата на установата. Со својата посветеност, професионализам и долгогодишно искуство, Горан Ѓорев успешно ги поврзува музиката, образованието и менаџментот, градејќи професионален пат исполнет со работа, креативност и континуиран развој.

Македонскиот пеач Јане Динев е роден 08.03.1999 година во Кавадарци . Уште од мали нозе, околината го препознала неговиот музички талент и посебната харизма .Тој својот музички пат го започнува уште на 18 години кога настапувал на разни настани и приватни забави, а пошироката публика го запозна преку настапи на музички телевизиски емисии. Својата музичка кариера моментално ја гради како пеач,неговата музикалност се надополнува со познавање на хармоника и синтисајзер.Тој се има појавувано на сцена со разни музичари но и како пеач во музичките групи Класико Бенд и Галакси Бенд. Јане Динев важи за еден од младите музичари со голем потенцијал на македонската сцена и тој своето музичко творештво го продолжува како член на Анета Бенд, со кој продолжува да ја развива својата музичка кариера.