
Анета Љумаковска е родена на 25.07.1983 во Битола и е позната македонска пејачка и една од најпрепознатливите изведувачки на народна и новокомпонирана музика во Македонија и регионот. Заврши средно техничко училиште во родниот град. Уште од млада возраст покажува силен интерес и талент за музика. Со својот специфичен глас, емоционална интерпретација и автентичен стил, Анета брзо го освојува вниманието на публиката и добива безброј награди на фестивали како во Македонија така и во соседните земји. Како поранешен член на “Молика“, има настапувано на бројни концерти, фестивали, и културни манифестации, како во земјата така и во дијаспората. Во текот на кариерата има изведено голем број хитови кои се добро прифатени од публиката и често се дел од македонската фолк-сцена. Анета сега е дел од Анета Бенд заедно со дел од членовите на “Молика” и е ценета поради својата професионалност, скромност и посветеност кон музиката, а нејзините настапи се препознатливи по силната емоција и контактот со публиката.

Стив Штуревски, македонски вокал, композитор, аранжер и актер. Роден на 22-1-1975год. во Охрид, Република Македонија. Завршена средно техничко образование. Музичко менторско образование. Потекнува од голема музичка фамилија, па поради тоа од најмала возраст целосно се посветува на музиката како Хармоникаш, Синтисајзер и главно Вокал. Членувал во многу македонски музички групи, кои што се "Група Фонтана" , "Група Молика". По долга кариера привремено се повлекува од професијата во 2016. Сега повторно да биде активен член на една од најдобрите македонски фолк групи "Анета Бенд". Има настапувано на секаде во светот како Америка, Австралија, Канада и поголемиот дел од Европа. Познат е по музичките хитови "Ајше" , "Лично Наде" , "Села Пелистерски" и многу други. Голема популарност и успех постигнува во 2012год. со снимањето на музичката комедија "Патот до кенгурите" , исто така се појавува и во 2020год во филмот "Непријател". Стив е исто така декориран со различни награди, како "Оскар на Популарност" 2010,2011,2012". Моментално неговата улога е Бек Вокал или Пратечки вокал и придружник на инструменти.

Рубин Размоски е роден на 19.09.1982 година во Прилеп каде уште од млада возраст ја покажува својата љубов и талент кон музиката. Тој е истакнат македонски музичар кој е препознатлив по своите дувачки инструменти со кои започнал да ја негува традицијата како млад член на КУД Мирче Ацев од Прилеп, а неговиот стил има значајно влијание врз препознатливиот звук на македонската музика. Со долгогодишна посветеност, Размоски се изградува како врвен инструменталист, познат по својата техничка умешност, чувство за ритам и автентична интерпретација на македонската народна и новокомпонирана музика. Како поранешен член на “Молика“, Рубин Размоски има настапувано на бројни концерти, фестивали, културни манифестации и приватни настани, како во Македонија така и надвор од неа. Како член на Анета Бенд неговата улога во групата е клучна, како на сцената така и позади неа. Рубин Размоски е ценет меѓу колегите и публиката како професионалец, иновативен музичар и чувар на македонската музичка традиција, кој успешно ја спојува традицијата со современиот звук.

Биографија – Александар Талевски Карма Александар Талевски Карма е македонски музичар од Битола, роден на 13 мај 1981 година. Уште од најрана возраст покажува голема љубов кон музиката, а својот музички пат го започнува на само 14 години, кога започнува да настапува во локални ресторани и настани. По завршувањето на средното техничко училиште во Битола, целосно се посветува на музиката. Неговата специјалност се ударните инструменти – тапани, тарабука и селски тапан, преку кои создава препознатлив и автентичен ритам. Неговата професионална кариера започнува со членување во групата „Македонски Глас“, а подоцна продолжува во групата „Динамика“. Најзначајниот дел од својата кариера го поминува во легендарната група „Молика“, каде што е активен член од 2007 година, речиси 17 години. Со оваа група настапува во многу земји ширум светот, пренесувајќи ја македонската песна и музика со својот маестрален ритам. Во текот на својата кариера, Александар настапувал во Австралија, САД, Канада и низ Европа, а со своите колеги освоиле бројни награди и признанија. Како дел од нивните достигнувања, тие го снимија и музичкиот филм „Патот до Кенгурите“, кој претставува значаен проект во нивната уметничка работа. Денес е активен член во „Анета Бенд“, каде што продолжува да твори и да ја збогатува македонската музичка сцена со својот талент и искуство.

Зисо Пуровски е роден 1975 година во Битола . Средно образование завршил 1994 г во средното музичко училиште во Битола. Факултет за музичка уметност завршил во 1998 година во Скопје , а магистерски студии завршил во 2003 г . Како виолончелист , член ( и еден од основачите ) настапувал со ансамблот за современа музика “Алеа”. Посетувал повеќе семинари и мастер курсеви кај Анатолиј Крстев , Кирил Родин и др. Посетувал повеке мастер курсеви за современа музика ! Основач на гудачкиот квартет “АРКО” и со истиот остварил многубројни настапи како во земјата така и во странство , Европа , Украина Србија Грција Македонија оставајки зад себе многубројни успешни концерти , фестивали и солистички настапи. Моментално работи како редовен професор по виолончело во средното музичко училиште во Битола.

Роден на 20.01.1986, во Битола, Р. Македонија Образование: Средното музичко образование го започнува во Државно музичко училиште – Битола во 2000 година, отсек теорија. По завршувањето на средното училиште, заминува во Салцбург каде што ги полага приемните испити по композиција во Моцартовиот Конзерваториум од каде поради оправдани причини се враќа во Македонија. После две годишна пауза го продолжува високото образование, додипломски студии на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ – на факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. Поседува исклучителен талент, а особено се истакнува по стручните теоретски предмети, композициони и импровизаторски способности, пијано и.т.н. Уште од средношколските денови до денес професионално се занимава со компонирање и оркестрирање/аранжирање. Дипломира во 2011 година, во која се запиша на магистерски студии по предметот “Хармонија со хармонска анализа” под менторство на Живоин Глишиќ. Од Август 2012 година – е основоположник на составот Џез Сценарио како уметнички раководител, композитор, аранжер и пијанист. Во 2012 година започна со извршување на професорска дејност по теоретско стручни предмети во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“, а по краток период од 2013 година во Државното музичко училиште во Битола како професор по хармонија, композиција, контапункт солфеж и пијано. Во 2015 година запишува додипломски студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во областа Оркестарско диригирање кај професорот Саша Николовски – Ѓумар. Во 2017 година, преку Еразмус плус програмата за размена, слуша дигиригање во Музичката Академија во Љубљана, Словенија, кај професорите Марко Летоња, Марко Хиберник и Симон Дворшак. Професионално се занимава со аудио продукција, микс и мастеринг. Повеќе години соработува со Битолски Камерен оркестар како аранжер и изведувач. Учесник е во повеќе државни и меѓународни натпревари како жири комисија меѓу кои Пијано Фест – Битола како жири комисија за камерна музика. На почетокот на 2024 година соработува со Пијано Трио Трифоника кои во рамки на 77 години од основањето на Државно музичко училиште – Битола премиерно ја изведоа неговата композиција “Варијации на тема Македонско девојче” за пијано за 6 раце која е специјално компонирана и посветена на Трио Трифоника. Награди: 2003 – Солфеж – прва награда 2009 – Солфеж – специјална награда